За нас

Меркана ви овозможува да го добиете најдоброто мноштво на оригинални производи, внимателно одбрани од различни брендови и производители од целиот светот. Уживајте со модерни и висококвалитетни производи во категории како декорации за домот, козметика, мода, нула отпад, за отворено, градина итн.

Историја:

Сѐ започна во 2020 година кога се појави пандемијата. Направивме нарачки на многу висококвалитетни производи од доверливи производители на интернет, но повеќето од нив или одбија да извршат достава до Северна Македонија или пак, цените беа толку високи што бевме принудени да ги откажеме нарачките. Тогаш нашите пријатели ни кажаа дека често се соочуваат со истите проблеми.

Потоа, почнавме да ги истражуваме опциите за најефтин можен увоз и контактиравме со разни добавувачи со многу висококвалитетни производи, кои беа подготвени да испорачуваат. Така изградивме доверлива мрежа на прекугранични курири и складишта за за чување на стоките. Првично, продававме производи само во Европската Унија- бидејќи беше полесно. Сепак, брзо решивме дека Македонците, исто така, заслужуваат вакви производи. Ете како се роди Меркана. Ако е наша вина кога предметот ќе се скрши поради слаба изработка или несоодветни материјали, тогаш ќе го поправиме или замениме бесплатно, во рок од 20 дена, од приемот на вашата нарачка која подлежи на нашата гаранција.

Па така, ако конецот на маицата се одраби, набрзо од кога сте ја купиле или ако текстилот на капата се развлече, контактирајте нѐ и ние ќе се обидеме да го поправиме што е можно поскоро, или замениме со нов предмет, доколку е целосно уништен. Сакаме да се увериме дека сте задоволни, но Гаранцијата не покрива нормално ветвеење на предметите, или во случаи каде лице кое носи XL-големина, пробува Ѕ-големина, или ако го оставите предметот незаштитен на поле и изложен на сонце една година.